|
|
Летен карате семинар во Грција 2009 |
|
Wednesday, 10 June 2009 |
|
Како и до сега и ова лето Македонската традиционална карате федерација организира летен карате камп во Врасна, Грција. Времетрањето и останатите информации можете да ги пронајдете на флаерот.
|
|
|
Monday, 01 June 2009 |
|
Второто место во екипните натпревари во кати на Европскиот Шампионат во Традиционално Карате го освоија членовите на репрезентацијата на Македонската традиционална карате федерација. Медалите ги освои тимот во состав: Дејан Недев, Аљоша Недев и Марко Тодоровски. Во истата категрија првото место им припадна на Романците, а трети беа репрезентативците на Литванија.
Во категоријата на деца од 8 - 10 години, Огнен Тасевски и Ана Крстевска освоија бронзени медали во џиу ипон кумите дисциплината.
На Европскиот шампионат учествуваа 26 репрезентации од цела Европа со над 400 натпреварувачи.
|
|
|
Европски Шампионат во Традиционално Карате во Полска |
|
Thursday, 28 May 2009 |
|
Македонската репрезентација во традиционално карате од 29 до 31 мај 2009 година ќе земе учество Европски Шампионат во Традиционално Карате за сениори, јуниори, кадети и деца од 29 до 31 мај 2009 година во Варшава, Полска.
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе настапи во следниот состав:
1. Дејан Недев - сениори
2. Аљоша Недев - сениори
3. Сашо Спасовски - сениори
4. Антонио Зврцинов - сениори
5. Марко Тодоровски - јуниори
6. Александар Бузлиев -кадети
7. Матеј Ангеловски - кадети
8. Љупчо Миленковски - јуниори
9. Сара Гичевска -деца
10. Ана Крстевска - деца
11. Огнен Тасевски – деца
На ЕШ се очекува да земат учество над 30 земји од цела Европа со над 400 натпреварувачи.
Со Почит,
Претседател
Елена Пенџерковски
|
|
|
|
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 Next > End >>
|
| Results 1 - 5 of 23 |